ЕВРОПА

Објавено најлошото сценарио за Брегзит без договор

12.09.2019 14:28

Велика Британија би можела да се соочи со огромни прекини во набавката на свежи продукти, поскапување на храната и на струјата, улични протести, проблеми во функционирањето на финансиските институции и сообраќајот, како и пораст на криминалот во случај на Брегзит без договор.

Британската влада објави документ со најлошите последици на таквото сценарио, по барање на пратениците непосредно пред суспензијата на парламентот.

Во документот се оценува дека британија би добила статус на „трета земја“, како и дека Брегзит без договор најмногу би ги погодил посиромашните жители.

Проблемите во сообраќајот преку Ламанш би можеле да траат и до три месеци, а е наведено  дека околу 85 проценти од транспортот се неподготвени  за повторно воведување царини во Франција. Тоа најмногу би се одразило на обезбедувањето лекови и медицинска опрема.

Се очекува намалување на залихите на одредени видови храна особено пред Божик, како и големи поскапувања. Протестите и контрапротестите, пак, би довеле до зголемен ангажман на полициските сили. Документот предвидува пропаѓање на некои бизниси, раст на сивата економија и опаѓање на социјалната нега.

Претходно највисоката судска инстанца, шкотскиот Врховен суд пресуди дека одлуката на владата да го суспендира парламентот е незаконска. Конечната одлука ќе ја има Врховниот суд во лондон.

„Одлуката дека е незаконски да се распушти парламентот што ја донесе шкотскиот суд е вистински патоказ. Премиерот го направи тоа за да спречи испрашување и дебати се до средината на октомври.“ – изјави Џереми Корбин, лидер на Лабуристичката партија.

На ова премиерот Џонсон кој е решен Лондон да се разијде од Брисел до 31 октомври, возврати дека повеќе е „подготвен да умре во ендек“ отколку да не оствари волјата на народот.  Најави дека ќе објави и нов документ во кој ќе бидат пресметани новите развои како и мерките кои владата планира да ги преземе за ублажување на ударот врз британското општество.