ПРОЕКТ

Проект „Поддршка за модернизација и деинституционализација на социјалните услуги„

12.09.2019 14:31

Јакнење на капацитетите за деинституционализација и на развој на социјални услуги во заедниците

Развој на социјални услуги за лицата со попреченост во рамки на заедниците каде живеат и намалување на бројот на деца и возрасни кои се сместени во институции за социјална заштита.. Ова ќе го овозможи проектот што се спроведува во земјава со поддршка на ЕУ. „поддршка за модернизација и деинституционализација на социјалните услуги“.

Кој е најдобриот модел за подобра интеграција на лицата со попреченост во општеството? Надлежните велат преку поддршка на долгорочна и одржлива вклученост на лицата со посебни потреби како рамноправни и активни граѓани, но и јакнење на институционалните капацитети на централно и локално ниво.   Се разбира и преку поттикнување соработка со граѓанскиот центар и со социјалните сервиси.  Ќе се јакнат капацитетите за деинституционализација и на развој на социјални услуги во заедниците. Овој процес во македонија е во тек за што во изминатите години 75 насто од децата се  префрлени од досегашните установи. Според минситерката Царовска, до крајот на годинава ќе се транформира домот за доенчиња во Битола.  Европската унија ги поддржува заложбите за овој модел на интеграција, со што ќе им овозможи на лицата со попреченост квалитетен живот. Она на што треба да се работи е и надгледувањето на спроведувањето за што се неопходни граѓанските организации.

 

АНА ЈОСИФОСКА ТОДОРОВСКА