НВО за СЈО
Специјалното јавно обвинителство и натаму треба да функционира во рамките на јавнообвинителскиот систем согласно со хиерархиската поставеност и правила - став на Блупринг групата.

Според невладините, „бомбите“ се неопходи да бидат употребувани и натаму во постапките. Неопходно е позиционирање на СЈО во најмала рака на ниво и степен на обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, вели Натали Петровска. Блупринг групата не се согласува со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, шефот на обвинителството за гонење организиран криминал и висока корупција да биде по предлог на опозициската партија.
Натали Петровска- Блупринг група
Од Блупринг групата засега без конкретен коментар за случајот „Рекет“. Истрагата се уште трае, па затоа секое изнесување на одредени материјали во јавноста е противзаконито, вели Маргарита Цаца Николовска. Европскиот суд за човекови права јасно посочува што може да биде предмет на разгледување и оценување од судијата.
Маргарита Цаца Николовска- Институт за човекови права
Претставник на Блупринт групата минатата недела учествуваше во работната група во Министерството за правда за Законот за Јавно обвинителство, по што доставиле свои предлози за законското решение, но посочуваат дека во предлог-законот тие не се вклучени.
Милчо Велески
