СЈО

СЈО предмети

12.09.2019 15:38

Истрагите, предистрагите и тековните судски предмети по кои постапува Специјалното обвинителство ќе бидат предадени на Републичкото.

Ваква одлука донеле вработените во СЈО, откако државниот обвинител Љубомир Јовески до нив достави допис во кој наведува како е неопходно да му бидат предадени материјалите. Во кусото соопштение што го објави СЈО информираат дека тие како институција се подготвени веднаш да ги предадат предметите, вклучувајќи ги сите списи и докази.  Претходно, обвинителката Ленче Ристоска изјави дека СЈО се уште постои и функционира.
ЛЕНЧЕ РИСТОСКА - ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ВО СЈО

 

Анита Димитријевска Велковска