ОПЕРА

Комичната опера Рита на на 24 септември повторно на сцената на Националната опера

11.09.2019 19:55

Комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Доницети чија извеба за прв пат се случија во Париз во далечната 1860 година е создадена според либретото на Густаво Ваез.

Дејствието се случува во Бергамо, Италија.  Рита е сопственичка на преноќиште и вдовица на Гаспаро, сопругот кој ја малтерирал и според нејзино сознание настрадал во бродолом. Во меѓувреме Рита го запознава Бепе и се мажи за него. Новиот сопруг е сосема различен од поранешниот Гаспаро. Поттикната од претходното искуство, Рита се наметнува во новата брачна заедница , па дури и го матретира Бепе, на ист начин како што тоа го правел нејзиниот прв маж. Но, ненадејно се појавува Гаспаро, кој го преживеал бродоломот и сега живее во Канада каде  се стекнал со големо богатство. Неговото враќање во Бергамо е да добие потврда дека Рита не е жива за да може да склопи брак со вереницата од Канада....  Измамата на Гаспаро  ја откриваат Рита и Бепе и тие продолжуваат да живеат во среќен брак.

 

Режисер: Трајко Јордановски

Сценограф/Костимограф:Марија Ветеровска

Сцетло мајстор: Васко Лисичов

 

УЛОГИ:

Рита: Александра Лазаревска Василевски

Бепе: Јане Дунимаглоски

Гаспаро: Кристијан Антовски

Бартоло: Борко Биџовски

 

Подготви:

Татјана Грковска