ПРИКАЗНА

Автентична изведба на„Дидо и Енеј“ на музика од Хенри Персл 20 Септември , Камерна сала на Македонска филхармонија

11.09.2019 19:59

Љубовната приказна за ДИДО и ЕНЕЈ во едночасовна концертна верзија на барокната опера напишана од најпознатиот англиски композитор на сите времиња - Хенри Персл, е заснована врз текстовите на римскиот поет Виргил.

Претставата, која се смета за монументално дело на барокот, раскажува за љубовта на кралицата на Картагена, Дидо кон Тројанскиот херој Енеј, нејзиниот очај кога тој ја напушта, темни ликови кои ги мразат сите што се просперитетни, актуелни митови од времето на создавање на оваа веројатно, до одреден степен алегорична опера. Во претставата се наоѓа и познатата арија Дидоновото жалење, која е една од најпопуларните лирски мелодии на во оперскиот опус.

Во изведбата учествуваат:

Г.А.П. Гиовани Антонио Пијани (Германија)

класичен ансамбл специјализиран за барокни перформанси

 

ЕНЕЈ  :Васил Гарванлиев

(прв пат во својата светска кариера со оперска улога пред домашната публика)

 

ДИДО: Криста де Силва (Канада)

(Опера де Монтреал, Опера Едмонтон, Калгари Оперa)

 

БЕЛИНДА: Лора Џин Елигсен (Канада)

(Виена ШтаатсОпер)

 

ХОР:ИН МЕДИАС РЕС

Ансамбл на ПОЛИФОНИЈА

 

Проектот е поддржано од Министерството за култура, во соработка со Гете-институт и Канадскиот музички центар во Скопје и

 Национална Телевизија на Северна Македонија

 

Подготви:

Татјана Грковска