Нови проекти во селските средини
Единаесет рурални Општини годинава ќе потрошат 1,5 милиони евра за инвестиции во инфраструктурни проекти.

Сите 80 локални самоуправи до крајот на 2019-та ќе треба да реализираат повеќе од 200 патишта, водоводи, мостови, пазари и други објекти потреби на жителите во селските средини.
Македонски Брод, Новаци, Сопиште, Берово, Виница, Чешиново – Облешево, Велес, Крушево, Пласница, Дебар и Кратово се општините кои можат да почнат со градба на проектите.
На располагање им стојат 1,5 милиони евра преку Програмата за рурален развој.
Сите 80 општини и плански региони до крајот на годината ќе треба да реализираат повеќе од 200 проекти.
Парите се наменети за градба и за рехабилитација на патишта, водоводни и канализациони ситеми, организација на пазари и откупни места во руралните средини. Исто така овие средства се наменети и за изградба и реконструкција на мостови и за развој на туристички места што можат да бидат интересни и привлечни за домашните и за странските гости.
Општините на оглсот покажаа голем интерес за искористување на овие пари и дел од нив конкутираа со неколку проекти и некои добија поддршка за по два или три инвестиции.
