ОБРАЗОВАНИЕ

Најдобри образовни системи во светот

13.09.2019 10:51

Образовниот систем е темел на секоја земја и во најголема мера од тоа зависи и нејзиниот економски напредок.

Во Меѓународната база на податоци за образованието има ранг листа  на земји за тоа како систем на едукација влијае на стабилизирање на економијата и во развојот на социјалното опкружување. Овие податоци се потребни за платформата на Обединетите нации за одржлив развој од 2015-2030 година.

На прво место  е Јужна Кореја, следуваат Финска, Норвешка, Русија, Хонг Конг, Јапонија, Естонија, Латвија, Израел и Шведска на 10 место. Според оваа листа од Балканот Словенија е на 16 место, Хрватска на 22, Србија на 30-то, а Македонија на 89-то место. Далеку зад нас на 140 место е Босна и Херцеговина. Грција  е на 38, а Бугарија на 47-. Косово е меѓу последните 196 место од вкупно 201 образовни системи, заедно со повеќето африкански земји.

Секоја година Светскиот економски форум објавува свој извештај,  рангирајќи ги државите на основа на светската економија.

Државите се рангирани според 12 столбови на конкурентност, која вклучува и макро економија, инфраструктура, здравје и основно образование.

Ова се државите кои се наоѓаат на самиот врв по квалитетот на образованието.

1 Швајцарија е најдобра со голема сеопфатност на учениците во квалитетни државни училишта на повеќе јазици.  Само 5% одат во приватни училишта.

2 Сингапур  се оценува многу високо за тестовите за ,,Програмата за меѓународни студенти , но се вели дека учениците во ниските одделенија системот ги става  под голем стрес.

3 Финска е позната е по тоа што нема ограничувачки фактори-сите ученици без разлика на способностите одат во исто одделение. Затоа јазот меѓу најдобрите и најслабите ученици е најмал во светот. Учениците во Финска имаат најмалку домашни задачи.

4. САД   се земја домаќин на најмногу меѓународни студенти двојно повеќе од осумдесеттите години.

5 Катар во голема мерка вложува во подобрување на образованието како дел од проектот „Визија за 2030 година“. Школите што ги финансира владата се бесплатни само за домашните, а странските државјани обично посетуваат приватни училишта.

6 И холандскиот систем се оценува за многу квалитетен со многу среќни деца кои учат со малку стрес и без многу домашни задачи.

7 Ирска

Повеќето средни училишта во Ирска се приватни, но финансирани од државата. Истовремено, постојат сеопфатни и стручни државни училишта. Поради финансиската криза, буџетот за образованието на државата се намалил за 15%.

8 Канада

Квалитетот на образованието и животниот стандард во Канада се едни од највисоките во светот. Трошоците за животот и школарината на меѓународните студенти се значително пониски за разлика од другите држави. Поради ова, Канада е чест избор на студентите од странство.

9 Германија

Германија е позната по своите добри универзитети, но и овде образованието постојано се менува. Во изминативе неколку години е направена  реорганизација на гимназиите.Кај универзитетите е применета Болоњската декларација со цел поголемо вработување на германските студенти  во цел свет.

10 Нов Зеланд

Универзитетите и другите образовни институции од Нов Зеланд се насекаде познати по нивните стандарди. Образованието во оваа држава им овозможува на учениците континуирана настава и напредок во учењето.

11 Норвешка  го финансира секое ниво од образовниот систем. Државното образование е бесплатно, а исклучок се градинките за кои  плаќаат родителите. Процентот од буџетот што се издвојува за образование е еден од најголемите во споредба со другите држави.

За крај еден куриозитет. Во Кина учениците имаат паметни униформи  во кои се вградени чипови за лоцирање, така што ова служи да се спречи бегањето од часови. 

Новинар  Соња Стојановска