Најнова книга
„Од Тешкото до македонскиот постмодерен танц“ е насловот на најновата книга на која во моментов работи вон.проф.др. Соња Здравкова-Џепароска

Во подготовка е најновата книга на вон.проф.др.Соња Здравкова-Џепароска насловена „Од Тешкото до македоскиот потмодерен танц“. Книгата е двојазична ( македонско-англиска) и претставува компилација од есеи поврзани со македонската танцова култура започнувајќи од традиционалните танци и завршувајќи со најсовремените форми на движечки перформанси. Запрашана за нејзините истражувања и промислувања на феноменот на танцот кои би биле поместени во оваа книга таа за МТВ изјави:
,,Содржините во оваа книга теориски го промислуваат, анализираат и третираат танцот не само на чисто историско рамниште, туку многу повеќе како антополошки, социјален, културолошки феномен. Танцот поставен како јадро на концентричните истражувачки сфери се исчитува преку воспостевените релации со другите уметнички изрази, културната политика, социјалниот контекст и глобалните текови.,,
Книгата треба да понуди еден сосема нов и свеж поглед во однос на материјалот кој го обработува, поглед кој е во корелација со најновите истражувања направени во оваа сфера, а кои би ја промовирале и научно толкувале македонската танцова култура кај нас, но и во светски рамки.
Подготви: Сандра Титизова
