КОНЦЕРТ

Јубилеен концерт на Маргица Антевска

13.09.2019 12:06

50 години кариера, 50 години музичка дејност...

Јубилеен концерт на Маргица Антевска  во нејзиниот роден град  Куманово. На  17 септември  нашата позната естрадна дама во домот на културата  “Трајко Прокопиев”  во Куманово,ќе го одбележи големиот јубилеј со концерт помогнат од Министерството за култура и Општина Куманово.Придружувана од голем оркестар во живо,Маргица ќе не потсети на големите  хитовски рефрени од забавната и народната музика но и  на познати шансони . Публиката ќе има можност да ужива и во познатите дуетски песни со гостите на концертот: Ефто Пупиновски, Нино Величковски, Перо Христов,  Никола Давидовски, Ристо Краповски, Сефедин Бајрамов  и Дона Михаилова, гостинка од Русија. Јубилејниот концерт ќе го снима и ќе го емитува на својата програма , нејзината матична Тв куќа, МРТ.