Вториот уписен рок на сите факултети
На сите факултети на најголемиот универзитет во Скопје има место во вториот уписен рок, освен на Медицински, каде што државните и приватните квоти се пополнија уште во првиот уписен рок.

Дури и на популарниот ФИНКИ останаа триесетина места што не биле пополнети од технички причини. Тие, заедно со сите други слободни места, ќе им бидат понудени на студентите.. На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје веке почна вториот уписен рок. Утре и в понеделник се уписите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, а на 16 и 17 септември на „Гоце Делчев“ во Штип. Веќе во тек е вториот уписен рок и на Државниот универзитет во Тетово.
МГС
Иако на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) се пријавија повеќе кандидати од предвидената квота, сепак, вратите на овој факултет и утрово се отворени. Оттаму велат - останати се триесетина места за компјутерско инженерство со кофинансирање. Дел од кандидатите не го штиклирале делот ако не влезат во државна квота, автоматски да бидат префрлени во квотата со кофинансирање затоа сега 30 тина места се слободни.
На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) има 444 слободни места, во двете квоти На Природно-математичкиот факултет има 964 слободни места На Филозофскиот- 461 слободно место. На Техничко-металуршкиот факултет има уште 207 слободни места (од можни 275).
Од Факултетот за дизајн на мебел и технологии од мебел се особено задоволни од интересот за студирање. Таму има уште 33 слободни места за вториот уписен рок.
На Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје има вкупно 426 слободни места, на сите насоки и во редовната и во квотата со кофинансирање: Архитектонскиот факултет прими 123 студенти и ја пополни својата квота. Градежниот факултет, пак, запиша 93 студенти, а во вториот рок може да прими уште 327.Според конечните листи, Медицинскиот факултет, како и секоја година, е најпопуларен за новите студенти. Пополнетисе државната и приватната квота на сите насоки. Останати се само 48 слободни места за вториот уписен рок, сите за вонредни студии. Машинскиот факултет, според листата на УКИМ, има уште 321 слободно место од можни 540. На Економски факултет се примени 530 студенти од 700 слободни места. На Правниот факултет во првиот рок се запишани 350 студенти од 1.055 студенти колку што може да прими. Најмал интерес има за студиите по новинарство (12 студенти). На Филолошкиот факултет има 798 слободни места
На Педагошкиот факултет има уште 228 слободни места, Шумарскиот факултет бележи мал број студенти по првиот уписен рок. Слободни се дури 111 места од можни 120.
На Фармацевтскиот факултет има 56 слободни места, а на Стоматолошкиот – 17. Факултетот за ветеринарна медицина има 28 слободни места, Факултетот за драмски уметности – 23, Факултетот за ликовни уметности – 19, а Факултетот за физичко образование, спорт и здравје – 186.
Лидија Чакар
