ДКЦ „Карпош“ по петти пат ја организира манифестацијата „Движи се за здравје“
-Преку спортски активности до подобрување на моторичкиот развој кај децата од рана предучилишна возраст..

Во склоп на Европската недела на движењето што се одржува од 16.09 до 22.09 2019 год., спортскиот оддел при Детскиот културен центар „Карпош“ во соработка со Град Скопје ја организира манифестација под мотото „Движи се за здравје“..Целта е со вежби и спортски активности да се поттикне моторичкиот развој кај децата од рана предучилишна возраст
„Детскиот културен центар „ Карпош “ е секогаш расположен да ги поддржи најмладите во психофизичкиот развој..Оваа година имаме новина, а тоа се вежбите на велосипед и тротинет. Сите градинки на територијата на град Скопје учествуваат со по 10 деца во спортскиот настан ,што би значело дека околу 150 деца на неколкуте поставени полигони ќе ни покажат дека спортувањето знае да биде и забавно“ - вели директорката на ДКЦ „Карпош“ - Билјана Лалчевска Серафимовска
Детскиот културен центар „Карпош“ како културно образовна институција со долгогодишна традиција го организира и осмислува слободното време на децата во воспитно образовна и творечка работа,како во духот на македонската традиција така и во следење на новите светски достигнувања во установите од овој тип..Ова е местото каде од најрана возраст се градат вредности ,смислата за солидарност и хуманост, за другарување за ширење на пријателства преку слободно мислење и изразување..Место каде се отвораат границите за реализација на сите детски соништа..
„Учебната година започна, а исто и нашите активности..По манифестацијата „Движи се за здравје“ ќе се одржи меѓународниот фолклорен фестивал каде што по 28 пат на едно место ќе ги собереме љубителите на орото и песната“ вели директорката на ДКЦ „Карпош“ - Билјана Лалчевска Серафимовска
Петтото издание на манифестацијата „Движи се за здравје“ започнува на 17.09 во 10,00 часот на платото пред фонтаната Лотос во градскиот парк.
Кристина Талеска Големтеова
