ЕКОНОМИЈА

Правете поефтини автомобили- им порача Ангела Меркел на магнатите на авто-индустријата

13.09.2019 13:23

Германската канцеларка Ангела Меркел отварајќи го Меѓународниот саем на автомобили во Франкфурт ги повика сите производители на автомобили повеќе да вложуваат во електрични авомобили-пренесува Дојче веле.

Таа истакнала дека пред авто-индустријата претстои „херкулска“ задача за да создаде одржлив начин за транспорт, користејќи други ресурси кои не го загадуваат воздухот. Канцеларката предупреди дека од 1990 година не е забележано намалување на количеството на јглерод диоксид. Затоа ги повика сите производители на возила да вложуваат повеќе во производство на поефтини и одржливи електрични автомобили. Дојче веле наведува дека на отворањето на саемот на автомобили во Франкфурт незаинтересираноста и недовербата биле многу очигледни.  Годинава има само 800 изложувачи. за разлика од лани кога  имало 1000 изложувачи.

Новинар Соња Стојановска