Како да го подготвиме организмот за есен и зима
Летото е речиси зад нас, а во пресрет ни доаѓаат сѐ покуси денови, подолги и постудени ноќи и магловити утра. Есента и овие промени кај голем број луѓе предизвикуваат тешкотии и потиштеност.

Затоа подгответе го организмот за претстојната есен во склад со вашите можности и уверувања. Така ќе бидете полни со енергија и здравје и полесно ќе се справувате со сите животни предизвици.
Влијанието на временските услови на човечкиот организам се одразува на имунитетот, на спиењето, можни се чести главоболки, замор, раздразливост, меланхолија па дури и депресија.
Иако со доаѓањето на есента се наговестува крајот на циклусот на вегетацијата, таа треба да се сфати како златна есен , како можност за нови почетоци, нови навики, нови планови и промени, а сето ова треба да ги олесни симптомите на телото кое се противи на промените. Организмот мора да се прилагоди физички, кондиционо и духовно. Добро е да се зајакнува имунитетот за да се избегнат настинките. Вродениот имунитет мора да се надградува со здрава храна и добар животен стил, движење, правилна реакција на стрес.
Бидејќи со промената на годишните времиња се менува нашиот имунитет. Телото има потреба од поголемо количество енергија, и затоа е потребно постојано надополнување со витамини , минерали, незаситени масни киселини. Телото складира се што му е важно и неопходно за претстојните студени денови, затоа е важно свесно да учествуваме во подготовка на нашиот организам за промените. Сега е вистинско време да се искористат сите плодови од природата, што повеќе овошје и зеленчук во сите бои. Убаво е да се зема матичен млеч кој е познат за јакнење на имунитетот, како и други пчелини производи бидејќи ги хранат и обновуваат сите клетки.
Важно е и користењето на пробиотици затоа што тие учествуваат во активноста на цревата и на градење на вкупната отпорност на организмот да се справува со патогени бактерии и вируси. Витаминот Цод природно потекло е меѓу најважните, затоа што обогатен со биофлавоноиди ги заштитува и непцата и крвните садови. Добро е да се користат и мултивитамински препарати.
Треба да се внимава и на правилна исхрана без многу месо и производи кои бараат многу повеќе енергија од нашиот организам за да ги преработи. Затоа и заморот се зголемува. Користете повеќе зрнести плодови и семки во дозирани комбинации. Користете ги сите сезонски плодови особено тиквата.
Важна улога во надополнување на организмот со хранливи состојки кои немаат многу калории се зачините како магдонос, целер, коприва, ѓумбир, куркума, мајкина душичка, оригано, хибискус, оригано, нане, и уште многу други, изборот е голем. Може да користите и разни алги сѐ во зависност од вашата здравствена состојба, возраст, потреба, вкус. Препарати од ехинацеа помагаат во зајакнување на одбрамбената способност на организмот како и магнезиуот и цинкот.
Супер храна се и разните бобинки кои ги има токму сега. Природата дава се што ни е потребно за секој период од годината, само треба да го следиме нејзиниот ритам. Движењето или лесното спортување само ќе помогнат во надминување на тешкотиите предизвикани од промените на годишното време.
Затоа подгответе го организмот за претстојната есен во склад со вашите можности и уверувања. Така ќе бидете полни со енергија и здравје и полесно ќе се справувате со сите животни предизвици.
Новинар Соња Стојановска
