Ферги за Роналдо сакал да побара 180 милиони евра

03.03.2014 19:05

Сер Алекс Фергусон, екс менаџерот на Манчестер Јунајтед, верува дека „Црвените Ѓаволи“ можеле да добијат и повеќе од светскиот рекорд од 94 милиони евра, колку што им платил Реал Мадрид за Кристијано Роналдо за трансферот во 2009-та година.

„Му реков тогаш на извршниот директор Дејвид Џил да побара 180 милиони евра  зашто бев сигурен дека Флорентино Перез ќе ја прифати сумата“. Џил на тоа ми одговори дека сум наивен и дека кралскиот клуб нема да исплати толку пари“, изјавил Фергусон и потенцирал: „ Герет Бејл мина во Реал Мадрид за 100 милиони евра и затоа верував дека за Кристијано Роналдо можевме да добиеме меѓу 100 и 108 милиони“.  

Легендарниот менаџер кој во својата 27 годишна ера во Манчестер Јунајтед освои 38 трофеи, го одобри заминувањето на Роналдо но жали што клубот не добил фер цена за него.