Почна превентивното колење на селските свињи
Почна принудното колење на селските свињи кои се чуваат без биосигурносни мерки.

Свињите се носат во кланици, цените ќе бидат пазарни, а државата ќе ја исплатува разликата меѓу кланичната и комерцијалната цена за секое животно. Се проценува дека скоро 20 000 домашни свињи треба да бидат отсранети поради ризикот од зараза од добиточната болест африканска свинска чума.
Почна отстранувањето на свињите .
Договорени се цените по кои кланичарите ќе ги откупат прасињата, а исплатата ќе биде според пазарната цена од 13.000 денари по грло за 100 килограми.
Принудното колење поради опасноста од појавата на болеста африканска чума се однесува на фармите кои не ги задоволуваат основните биосигурносни мерки, односно добитокот кај селските домаќинства.
Проценката на Агенцијата за харана и ветеринарство е дека треба да се заколат од 18.000 до 20.000 свињи од домашните фарми.
Оваа мерка се предвидува поради тоа што доколку дојде до појава на болеста , малите семејни фармери кои немаат регистрирано одгледувалиште или обележани свињи, не ќе можат да бидат обештетени од државата.
Досега се заловени и 170 диви свињи и кај ниту една од нив не е пронајдено можно присуство на африканска чума.
