РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА
Бензинот БС-95 и дизелот поскапи за денар
16.09.2019 13:52
Регулаторната комисија за енергетика одлучи малопродажните цени на нафтените дериватите да ги зголеми во просек за 1,48%.

Од полноќ безоловниот безин БС-98 поскапува за половина денар, додека безоловниот бензин БС -95, дизелот и екстра леесното масло за домаќинство ќе се продава за денар поскапо. Нова цена има и мазутот , неговата цена се зголемува за 0,494 денари за килограм. Причина за корекциите во цените е скокот на суровата нафта и на дериватите на берзите.
