КОНЦЕРТ

Концерт по повод 100 годишнината од смртта на Руџеро Леонкавало

16.09.2019 13:55

Во организација на италијанската амбасада во Скопје на 28 септамври во Камерната сала на Македонската филхармонија ке се одржи концерт по повод 100 годишнината од смртта на Руџело Леонкавало . ЌКако солисти ќе настапи тенорот Благој Нацоски во пијано придружба на Дино Имери, а како гостин ќе ја чуеме и сопранистката Хелена Суша.

Според зборовите  на Нацоски, програмата ќе биде составена пред сѐ од дела на Леонкавало, како од неговата најпозната опера „Паљачи“, потоа дела од  други композитори, негови  современици или пак автори  поврзани со неговиот живот и творештво, како на пример Пјетро Маскањи, Шарл Гуно, Франческо Паоло Тости  итн. Пијанистот Дино Имери премиерно ќе изведе и четирти  пијано пиеси токму од Леонкавало.

Подготви

Татјана Грковска