Нов вид на диносаурус
При ископување кое во 2013 –та година го спроведоа музејот „Хобетсу“ и универзитетскиот музеј во Хокаидо, бил најден опаш од големо животно.Со дополнителни истражувања бил откриен речиси цел костур- кој се утврдил дека припаѓа на диносаурус

Сокриен под морските наслаги стари 72 милиони години во градот Мукава, Јапонските научници го открија костурот на најголемиот диносаурус некогаш пронајден во таа земја.
Јапонските палеонтолози ги анализирале коските на пронајдениот примерок и утврдиле дека најверојатно станува збор за возрасна единка, која била долга околу 8 метри и тежела 4 или 5 тони, зависно од тоа на колку нозе се движела. Според резултатите од анализата на научниците ова е нов вид и род на тревојаден хардосаурид диносаурус. Истражувачите го нарекле Kamuysaurus japonicas-„Kamau“ доаѓа од името за божество на аину- јазикот на домородното население во Северна Јапонија, а пак „saurus“ доаѓа од латинското име за рептил, додека „japonicus“ се однесува на Јапонија.
Неговата глава имала облик сличен на глава на патка, бидејќи предниот дел од черепот на диносаурусот е издолжен. Научниците сметаат дека предците на овој вид диносаурус живееле во близина на океанот и дека таквото опкружување веројатно играло важна улога во понатамошната еволуција.
Диносаурусите се движеле по нашата планета пред околу 200 милиони години, а изумреле пред околу 60 милиони години. Најстариот откриен вид диносаурус е пронајден во близината на езерото Њаса во Танзанија и се претпоставува дека живеел пред околу 240 милиони години. Тој бил висок околу еден метар, со исто толку долга опашка, тежел меѓу 20 и 60 килограми, стоел исправен и имал рогови. Овој диносаурис живеел во средниот тријас, во времето кога континентите биле споени во копнена маса, позната како Пангеа.
Подготви Анита Никушева-Јованчев - новинар
