МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА

Продолжен рокот за купување блок влезница

16.09.2019 12:44

Промотивниот попуст од 30% за сезонската блок влезница за концертите на ,,Македонската филхармонија,, ќе треае до 20 септември.

Во влезницата се вклучени и сите настани и концерти кои се во програмата во периодот  Септември 2019- Јуни 2020 година, вклучително и неколку ексклузивни концерти. Блок влезницата со попуст чини 9000 денари.Во новата  концертна сезона,насловена ,, Моја бесмртна љубов”, Македонската филхармонија на публиката ќе ѝ понуди фантастичен избор на светски познати и реномирани имиња  на солисти и диригенти меѓу кои  Антони Вит (Полска), Александар Мелинков- пијано (Русија), Рено Гарсија Фонс- контрабас (Франција), Николас Алтшед- виолончело (Германија), Дмитри Маслеев-пијано (Русија), Јеул Еум Сон- пијано (Кореја). На отворањето на концертната сезона ќе настапи еден од најврвните светски пијанисти, русинот Александар Мелников. На концертот насловен ,,Моќта на Заратруста”, заедно со Македонската филхармонија ќе изведат дела од Бетовен и од Штраус.