Асоцијација за подобрување на продуктивноста и резултатите на работното место (ИСПИ ЕМЕА)
Од 26-ти до 28-ми септември, Скопје ќе биде домаќин на 18-тата по ред Меѓународна Конференција организирана од водечката Меѓународна Асоцијација за подобрување на продуктивноста и резултатите на работното место (ИСПИ ЕМЕА).

Вакви Конференции низ годините се одржувале во повеќе градови во Европа, како Гетеборг, Болоња, Лисабон, Варшава, Истанбул, Бон. До сега, учество имаат земено презентери и учесници од повеќе од 25 земји од светот.
Асоцијацијата за подобрување на продуктивноста и резултатите на работното место ИСПИ ЕМЕА е основана во 1962 година. Голем број на организации и нивни вработени кои работат во различни бизнис сфери како менаџери на човечки ресурси, постојан развој на работните процеси, консултани за организациски развој, проект менаџери и многу други, се членови на оваа Асоцијација.
Учесниците ќе имаат можност да учествуваат на 4 полудневни работилници и 12 кратки едночасовни презентации, каде преку практични примери ќе се запознаат со успешни методологии, методи и алатки за подобрување на резултатите од работењето. Успешни директори од познати организации во нашата земја ќе ги споделат своите искуства во 2 часовна интерактивна сесија.
Ова е можност за сите оние коишто имаат желба, а досега не присуствувале на некоја од конференциите, да земат учество на годинешната конференција што 26-ти до 28-ми септември ќе се одржи во Скопје.
Јасмина Никова
