Сугарески-Китанов: Изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш ќе заврши и пред рокот
„Изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш е со вкупна вредност од 51 милион евра. Во моментов се работи на првата фаза во должина 23 километри и според динамиката на градежните работи се очекува изградбата да биде завршена пред предвидениот рок, во 2021 година“ , истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески при увидот во изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш.

Како Влада ќе продолжиме посветено да работиме на унапредување на патната мрежа во земјава, континуирано да го поттикнуваме развојот на сите региони и заеднички со општините да соработуваме за посилна економија и подобар живот на граѓаните, изјави Сугарески. Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов истакна дека овој експресен пат е пример за тоа како треба да се гради. „Проектот го воведовме во работа со 99% завршена експропријација и со завршени археолошки испитувања по најбрз можен пат, а согласно законите. За овој дел, финасискиот обем е веќе 52% реализиран, а физичкиот дел 54%“, изјави директорот на ЈП за државни патишта.
Милчо Велески
