Градинка „ Мајски цвет“
Општина Карпош почна со менување на покривот на детската градинка „Мајски цвет“, објектот на ул. „Римска“, во урбаната заедница Владо Тасевски.

Дел од старите азбестни табли се заменети со нова кровна површина, со цел да се подобрат условите во кои се згрижени најмладите, да се заштити нивното здравје, но и да се придонесе во заштитата на животната средина. Бидејќи се работи етапно, во претстојните денови ќе продолжи замената на целата покривна конструкција. Изведбените активности се одвиваат во попладневните часови или за време на викендите, со цел да не се нарушува воспитно – образовниот процес на децата во оваа предучилишна установа.
Општина Карпош продолжува со секојдневните активности за унапредување на детската заштита и создавање на подобри услови во предучилишното образование.
Во претстојниот период и во текот на 2020 година, Општина Карпош ќе се фокусира и на одржување на зелените површини, поставување на системи за наводнување и облагородување на тревниците, во рамки на заштита на животната средина, соопштуваат од општина Карпош
Подготви Анита Никушева – Јованчев - новинар
