200 години од раѓањето на Клара Шуман
На 13 септември во Културно информативниот центар во салонот 19/19, Македонската телевизија го снимаше концертот со наслов ,,Soirees musicale ,, посветен на 200 годишнината од раѓањето на Клара Шуман.

На овој настан македонските уметници Катерина Костадиновска Гелебешева, Сања Шуплевска Боирал, Александра Коцевска, Глигор Гелебешев, Драган Гоневски и Колос Цури премиерно изведоа дела од творештвото на Клара Шуман.
Клара Шуман од чудо од дете до извонреден пијанист, композитор, промотор на современите композитори од тоа време и пред се најголемата поддршка на Роберт Шуман. Музички уметник кој остави длабоки траги во историјата на музиката од периодот на романтизмот.
Клара Шуман е родена во Лајпциг во 1819 година. Потекнува од семејство во кое се нeгувала музиката. Нејзината мајка Mариане Тромлиц била соло пејачка и пијанистка, а нејзинито татко Фридрих Вик бил најпризнатиот и најпознат педагог во пијано во Лајпциг.Во нивниот дом често пати доаѓале најпознатите музички имиња од градот премиерно да ги претстават новите дела, но исто така да ја прикажат и својата виртуозност. Во вакво опкружување започнал животот на Клара Шуман.
Фридрих Вик рано ја забележал музикалноста на својата ќерка, но сепак, чекал да наполни 5 години за да започне нејзината музичка наобразба. Една година подоцна на својот прв јавен настап морала да ги прикаже сите педагошки умеења на најзиниот татко. Едвај ги знаела буквите кога го свирела малиот концерт на Хумел во G-dur. Имала 7 години кога заради професионални ангажмани и завршило детството. Кариерата и животот биле планирани до најмалите детали од страна на Вик. На 11 години настапила во Париз и други европски градови свирејќи пред големите имиња на тоа време како Гете, Паганини, Франц Лист и други.
Нејзиниот љубовен живот со Роберт Шуман денес се смета за една од најпознатите љубовни приказни на сите времиња. Нивната љубов започнала кога Клара имала 16 години и од самиот почеток била силна и неуништлива. Нивната љубов не успеал да ја спречи ниту силното противење на Вик, кој сметал дека Роберт е човек со сомнително здравје и несигурна иднина. Работата дошла до суд, бидејќи Вик не успеал да ги обезбеди потребните докази, судот дозволува тие да се венчаат.
Клара и Роберт биле еден од најпознатите музички парови. За нивната љубов многу се пишувало, како доказ се и 20 илјади сочувани писма. Благодарејќи на нивната љубов, Роберт создал брилијанти дела посветени на Клара.
Во сферата на компонирањето Клара навлегува уште од раната возраст. Имала само 14 години кога го напишала концертот за пијано и оркестар и истиот го извела 2 години подоцна под диригентската палка на Феликс Менделсон.Нејзиното дело може да се подели на композиции со и без опус. Иако компонирањето и причинувало големо задоволство таа на 36 годишна возраст го напушта компнирањето, но да се има 8 деца и маж кој постојано живее во доменот на фамтазијата, навистина не било лесно.
Иако живееле во период кога жената сеуште не била комплетно самостојна во одредени професии, Клара се издигнала над своето време и градела извонредна пијанистичка кариера.Таа ги полнела концертните сали ширум Европа, свирејќи дури и пред голем број царски семејства. Нејзиното дело било поттик за многу жени ширум светот, но и за режисерите и филмските сценаристи. Нејзиниот лик е обработен во повеќе филмски остварувања преку актерската игра на Одри Хепберн и Настасија Кински. Нејзинито лик долги години ја красеше и сината банкотата од 100 германски марки.
Својот последен концерт го имала на 12 март 1891 година изведувајќи ги Варијациите на Јоханес Брамс на тема од Хајдн, а 5 години подоцна на 20 мај 1896 по цели 40 години ќе му се пдридружи на својот љубен во алејата на вечноста.
По повод светското одбележување на 200 годишнината од раѓањето на овој редок музички уметник, МТВ подготвува и документарен филм со наслов ,,Клара.,,
