ИЗЛОЖБА

Цветков и Метликович со заедничка изложба ,,Различни и поврзани”

17.09.2019 12:42

Во галеријата ,,Мала станица “ во среда (!8.09) 20 часот ќе биде отворена изложбата ,, Различни и поврзани”.

Двајца  долгогодишни  пријатели, ликовни уметници кои низ сопстевните сликарски кариери , во долгогодишниот сликарски стаж, досега само се бодреле меѓусебно, за првпат решаваат да соработуваат и професионално.Венко Цветков и Матеј Метликович, едниот од Македонија, другиот од Словенија го крунисуваат своето 40 годишно пријателство со заедничка изложба. За изложбата и двајцата автори ги изложуваат своите најнови трудови, но , како што велат прошарани со малечок ретроспективен осврт  на досегашната работа, во чест на долгогодишното пријателство и часовите поминати во разговори за сликарството. Делата и на двајцата автори се инспирирани од црковната традиција на двете земји. Цветков, од православните фрески и икони, на прочуените македонски зографи, а Метликович од витражите во католичките катедрали..И Цветков и Метликович активно се занимаваат и со фрескоживопис, односнои со цртање витражи.
Изложбата  ,,Различни и поврзани” на Венко Цветокв и Матеј Метликович  во галеријата Мала станица ќе биде отворена до 28 септември.