Пендаровски на средба со странските инвеститори
Претседателот Стево Пендаровски на средба со Советот на странски инвеститори.

Разговараа за унапредување на јавно-приватниот дијалог, за создавање стабилно и предвидливо деловно опкружување. Главните забелешки од бизнисмените поврзнани со правната сигурност, некоординираноста на иснтитуциите, со кадарот.
Институциите целосно да го расчистат случајот „Рекет“, бизнисите не можат да бидат сигурни без владеење на правото – оваа порака ја испрати претседателот Пендаровски по средбата со странските инвеститори. Шефот на државата рече дека законите мора да важат еднакво за сите и оти не смее се дозволи предметите да останат заглавени во правните лавиринти.
„Многу е битно, да има соодветна, наврема и целосна реакција од правосудниот систем, за предметите со години и години да не се влечкаат по судските коридори и на крајот да заборавиме и во која фаза се наоѓаат. Речиси 30 години сме независна држава, а немаме ниту еден висок политички функционер кој завршил во затвор поради злоупотреби. Тоа за нас не говори добро, но јас се надевам дека сега ова што е почнато ќе продолжи со вистинското темпо и ќе се заврши докрај, бидејќи и низ таа призна ќе не оценуваат нашите пријатели од Брисел“, изјави Стево Пендаровски, претседател на државата
Бизнисмените на средбата со претседателот изнесоа повеќе забелешки за недоволната правна сигурност, сивата економија, нелојалната конкуренција, преголемата регулација.
„Потребно е владеење на правото во вистинска смисла на зборот, тоа значи почитување на принцпиот на легалитет, правна сигурност, доверба во институциите на системот и еднаков пристап до правдата“, изјави Елена Милевска – Штрбевска, Стопанска комора на Македонија
Дополнителен проблем за инвеститорите претсавува несинхронизираноста со европската регулатива, но и недоволната координација меѓу државните органи, како и несоодтениот кадар што не одговара на реалните потреби на пазарот на труд.
„Странските компании кои работат во Македонија имаат проблеми со големиот сет финансиски извештаи, годишна сметка според македонска легислатива, според меѓународни стандарди за финансиско известување. Последните стандарди што се преведнени во Македонија се од пред 10 години“, изјави Лидија Нануш, Совет на странски инвеститори
„Пристапот до ЕУ дава можност да се хармонизира законодавството и овој процес треба да го искористиме многу внимателно“, изјави Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори
„Јас мислам дека главен проблем е ндостигот од фокус и координација меѓу министерствата и државните институции“, изјави Јанис Геруланос, директор на ОКТА
„Имаме интензивно напуштање на вредниот човеков капитал, државата вложила во негова едукација, а не можеме да ги искористиме и многу лесно ги даваме надвор“, изјави Ирена Јакимовска, потпретседател на Советот на странски инвеститори
Претседателот Пендаровски нагласи дека ќе инсистира во тимовите за преговори со Брисел да бидат вклучени луѓе од бизнисот, за да не се појават проблеми какви што имало во некои земји од соседството што и се приклучија на Унијата.
Новинар: Мартин Пушевски
