Нема злоупотреба на парите во МРТВ за дебатите со претседателските кандидати
Државната комисија за спречување на корупцијата ја отфрли пријавата за наводна злоупотреба на средства при дебатите со кандидатите за претседател во МРТВ.

Од таму велат дека нема злоупотреба на парите, ниту пак донации од странство за таа намена. Антикорупциска нема отворено предмет за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева која е во притвор и третосомничена во случајот „Рекет“. Комисијата не води случај, вели претседателката Ивановска, тој е во Обвинителството. Јанева, но и другите обвинители од СЈО најдоцна за 30 дена по разрешувањето или престанок на мандатот треба да поднесат анкетен лист за промена на имотната состојба. Антикорупциската комисија од владината служба за општи и заеднички работи ќе побара да го раскине договорот за закуп на просториите на поранешниот претседател Ѓорге Иванов и да му додели канцеларии во државна сопственост. Биле избрани во нетранспарентна постапка. Иако антикорупционерите констатираа дека нема поединечна одговорност при распределбата на парите според годишната програма на Министерството за култура, се посочува дека нема еднакви услови, системот на бодување е некомпатибилен. До министерството за култура ќе се дадат препораки за воведување реални и мерливи критерими при изборот на проекти. Комисијата ја подготвува националната стратегија за периодот 2020-2024 година. Документот за прв пат ќе биде усвоена и од Собранието.
