ЕКОНОМИЈА

Kако ке се грееме зимава и колку ќе не чини топлиот дом?

18.09.2019 10:55

Колку оваa зима ќе не чинат топлите домови и кој енергенс е најдобар? Во зависност од видот енергија што се користи во домаќинството за затоплување, цените се значително различни, и според направените пресметки ке чини од 12.000 до 70.000 денари.

Како  појдовна основа во пресметките се земени податоците за затоплување на еден дом од 60 м2. Најевтино е греењето со инвертер клима при што за една грејна сезона изнесува околу 12.000 денари плус на сметката за електрична енергија за овие месеци. Затоплувањето на домот со инвертер клима е многу добро. Во текот на грејната сезона сметката за електрична енергија се зголемува од 1.500 до 2.000 денари, во зависност од времето и во споредбата со сметката за време на летниот период. Многумина се задоволни од овој начин на затоплување,  зашто на овој начин се намалува  загадувањето во зимскиот период .Малку поскапо е централното парно греење кое го испорачува компанијата „БЕГ“, па едно домаќинство кое живее во 60 м2 стан за цела година од семејниот буџет треба да одвои 14.000 денари. Mожеби треба да  се  плаќа во текот на целата година, но тие што го имаат велат  дека  е најдобро од сите начини за затоплување. За стан од 60 м2 се плаќа  сметка од 1.200 денари месечно. Грејната сезона почнува од 15 ноември и трае до 15 април, но доколку е потребно, овие рокови се менуваат.  Повеќето луѓе купуваат букови и дабови дрва и истите ги мешаат, а и тоа е понудата која може да се најде на сите плацови на кои се продаваат дрва. Во принцип, тие купуваат од пет до осум метри, па ако треба повеќе, тогаш докупуваат. Цената во текот на зимата може да се промени, односно да се зголеми, а причината за тоа е што се намалува понудата, па поради тоа и се зголемува цената објаснуваат продавачите на дрва.Електричното греење (термо печки и панелки) може да биде многу скапо, доколку печките се вклучат во текот на денот затоа што сметките за време на грејната сезона се околу 25.000 денари – потребни се околу 9,000 kWh енергија за да се загрее просечен изолиран стан.Употребата на термо печка, обично во текот на ноќта, значително ги намалува сметките за електрична енергија. Две печки што можат да загреат 60 квадратни метри ќе потрошат околу 25.000 денари за целата грејна сезона, плус на сметката за електрична енергија.Затоа подготвени пречекајте ја грејната сезона, направете какулации кои најмногу ке одговараат на вашиот семеен буџет.

Лидија Чакар