САЕМ

Саем за здравје, фитнес и спа

18.09.2019 10:59

Корисни информации за сите генерации и голем број теми за здравиот начин на живот

Со интерактивни содржини, едукација и анимација, ќе биде исполнето јубилејното -5-то по ред издание на Саемот за здравје, фитнес и спа ( Health, Fitness & Wellness Expo). Организаторите „Моментум Инк.“ со месеци наназад внимателно  го подготвуваа  и организираа овој несекојдневен настан, закажан за 21 и 22 септември на терените „Работнички“ во Градскиот парк во Скопје. Го најавуваат како „ново ниво“во организирањето  на вакви настани од интерес за сите нас.

„Четирите изминати изданија пружија применливи и корисни информации за огромен број теми за здрав начин на живот –  почнувајќи од правилна и здрава исхрана, спортување и совети од најголемите професионалци кај нас, козметика за телото, па се до храна за умот. Ова издание ќе се покаже како јаготка на шлагот“, велат организаторите. Најавуваат и промотивни понуди, бесплатни тренинзи, консултации и едукативни презентации, со кое што велат, ќе се стави акцент на најмладите, кои преку стекнување здрави навики ќе го направат светот поубаво место за живеење.

Настанот е конструиран така што би ги задоволил сите вкусови и  во рамките на настанот ќе се одржат бројни натпревари со вредни награди.Претстојниов викенд, на 21 и 22 септември  бидете и вие дел од настанот што ги зближува сите генерации, на терените „Работнички“ во Градскиот парк во Скопје.

Јасмина Никова