Зоолошка градина
Нов жител, еленче „Брауни“

Еленот лопатар е евроазиски вид кој бил домороден во цела Европа. Живеалиштето му е ограничено на Блискиот исток и делови од Средоземјето, додека на југоисток живеел персискиот елен лопатар кој имал поголемо тело и рогови.
Во нашата земја еленот лопатар е присутен како доведен вид. Неговата бројност се менува од година во година, а најзастапен е во Источниот регион. Во скопската зоолошка градина, со години живее ова омилено животно на сите посетители. После повеќе од 10 години, се роди кафено еленче лопатар кое донесе радост во омиленото детско катче.
…„Елените лопатари секогаш се однесуваат заштитнички кон новороденчињата, за нас беше вистинско изненадување ова еленче, бидејќи е поинакво, па можеби затоа е омилено во своето семејство на елени“, изјави Тина Мицковска – ПР во зоолошка градина во Скопје.
Елените лопатари се брзи животни кои развиваат брзина до 48 км/ч на кратки растојанија, но не се побрзи од многу нивни сродници како срната поради слабата мускулатура. Можат да скокнат 1,75 м во висина и 5м во далечина.
Подготви Анита Никушева- Јованчев новинар
