ГУДАЧКИ КВАРТЕТ

Јубилеи за гудачки квартет

18.09.2019 14:40

НУЦК АЦО ШОПОВ, ШТИП
18 ти Септември, почеток 20.00

Пламенка Трајковска – гудачки квартет ќе изведе концерт со наслов„ Јубилеи за гудачки квартет“ , на 18 ти Септември во 20.00 часот , во НУЦК Ацо Шопов во Штип.

На програмата се дела од светските автори на класичната музика за кои оваа година се одбележуваат јубилеи и  тоа :  300 години од раѓањето на Леополд  Моцарт и  200 години од раѓањето Франц  фон Супе и Жак Офенбах. Оваа година се одбележуваат  и 150 години од смртта на  францускиот композитор Хектор Берлиоз.

Одбраните композиции од авторите се репрезент на нивните најпознати дела адаптирани за гудачки квартет. Адаптацијата ја направи Пламенка Трајковска .

На концертот покрај Пламенка Трајковска во гудачкиот квартет ќе настапат Наташа Диденко на виолина, Илза Балата на виола и Маја Михајловска на виолончело.

 Камерните состави на Пламенка Трајковска имаат реализирано концерти со цел доближување на класичната и камерната музика во сите центри на култура во нашата земја , на речиси сите манифестации кои се оддржуваат кај нас и  во рамките на неколку меѓународни претставувања.

Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура и е дел од Националната програма за култура за 2019 година.

Влезот е слободен!

 

Подготви 

Ели Танасковска