ПРЕМИЕРА

"МАКБЕТ" премиерно на сцената на ТЕАТАР КУМАНОВО

19.09.2019 10:44

Љубителите на театарската уметност на 20.09.2019 год. на сцената на ТЕАТАР КУМАНОВО премиерно ќе можат да ја проследат претставата "МАКБЕТ", извонредното дело на В. Шекспир во режија на Андреј Цветановски.

Режисерот Цветановски, чија што режија на Шекспировиот Макбет е негово второ режисерско остварување во Кумановскиот театар, улогите на брачниот пар Макбет им ги доверува на Горан и Кети Илиќ, а во претставата играат и Александра Пешевска, Сања Русеска, Александра Михајловска,  Антонио Димитриевски, Мирослав Петковиќ, Марко Трајковиќ , Владо Дојчиноски, Давид Илиќ  и Матеј Стојковски.

Костимографијата ја потпишува Александар Рашковиќ, сценографијата и дизајнот на плакатот се на Сергеј Светозарев, а композитор е Димитар Андоновски. 

 

Подготви: Сандра Титизова