Музеј на ретки минерали
По 40-тина години и собрани над 250 примероци на ретки минерали, во Пробиштип почна изградбата на првиот музеј на ретки метали и специфични минерали. Освен по содржината, музејот ќе биде уникатен и по својот изглед.
Со посебна форма која е еден вид на уметничко дело, во облик на минерал објектот ќе биде на површина од 150 м/2.
Средствата за изградба во вредност од 9 милиони денари, над 60 % се обезбедени од Министерството за локална самоуправа ( Биро за регионален развој), преку Центарот за развој на Источниот плански регион а останатите се учество на општината.

Пробиштип ќе добие уникатен простор со експонати кои се собирани повеќе од 50 години. Со својата богата содржина, по неговата изградба ќе може да се мапира како една од атракциите за туристите и научно истражувачките центри од овој дел од Европа.
Со неговата изградба Пробиштип ќе добие објект кој на оригинален начин ќе ја раскажува приказната која во оваа градче живее со векови. Малите парчиња руда скриени во длабочините на земјата за жителите на овој рударски крај значат живот.
Подготви Анита Никушева – Јованчев новинар