КЛИМА

Штети од климатските промени

19.09.2019 10:50

Земјоделците сеуште не се подготвени за да се справат со климатските промени.

Не се доволно информирани за мерките кои тие треба да ги превземат, а штетите очекуваат да ги покрие државата. Исто така и експертите немаат доволно податоци за креирање на конкретни активности  за заштита од временските непогоди.

Од 2015 година досега штетите од временските непогоди достигнале 100 милиони евра. Од нив на земјоделците им се исплатени 15 милиони за обезштетување.

Според експертите допрва ќе доаѓаат уште понеповолни состојби со оглед дека агроеколошките зони се поместуваат кон север. Ќе мораме да се зајакнат базите на податоци и да се ангажираат сите  капацитети за решевање на проблемот.

Проблематично е и тоа што сме лимитирани и од недостигот на вода и има  околу 70.000 хектари под наводнување што не е доволно. На удар се речиси сите култури кои се одгледуваат на отворено.

Најголеми загуби од климатските промени има кај грозјето, пченицата, јаболката, пиперот, доматот, но и каи животните , особено каи  овците и говедата. Производството на храна се намалува, сушата, градот и мразот предизвикуваат огромни штети, а земјоделците се уште не се доволно подготвени дека треба да се прилагодат на климатските промени.