Современата македонска фотографија во Риека
Во рамките на 10тото јубилејно издание на „Фотори“ , фестивал на фотографијата кое се одржува во Ријека, пред хрватската публика е претставена современата македонска фотографија со три изложби: „ Актуелен момент во македонската фотографија“ која е избор на дела на триесетина македонски современи автори . Изложба на Боро Рудиќ под наслов: „Копнеж по светло“.

Изложбата се состои од 52 црно-бели фотографии снимени на филм, а ќе биде прикажана и видео проекција инспирирана од изложбата ,,Копнежи по светло”. И изложба на Кирил Штрков под наслов: „33“. Изборот на фотографиите за оваа изложба не е во целост конзистентен според стилскиот и тематскиот принцип, туку е направен поширок преглед на трудовите на Штрков од повеќе различни фотографски серии. Уметничката фотографија во Македонија има своја традиција и историја. Пореди фактот дека македонската фотографија не е во целост истражена нити анализирана, Фото сојузот на Македонија се труди да ги презентира фотографските трендови и пристапи и на меѓународен план. Во Македонија има многу автори со различни гледишта, техники и идеи. Организирани се во фото клубови или како самостојни автори во рамките на Фото сојузот на Македонија. Изложбата на современата македонска фотографија е во Државниот архив на Риека.
