ПАТРОН НА ЦРКВАТА

Рождество на Пресвета Богородица- Горно Водно

20.09.2019 11:05

Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица е еден од 12 – те големи празници во православието, на 21-ви септември го славиме раѓањето на мајката божја.

Богородица Марија според верувањата на христијаните била мајка на Исус Христос и сопруга на Јосиф. Во православието е најпочитувана светица, а во исламот е една од трите совршени жени.

Ја посетивме црквата Рождество на пресвета Богородица на Водно, која се подготвува за одбележување на овој голем празник. На црквата Св. Богородица и претходи долга историја која започнува некаде во XIII век, во пишаните извори се споменувана како Св. Богородица Елеуса и Св. Богородица Водњанска.

...„Ги покануваме сите верници и староседелци да дојдат во сабота на 21 септември на овој голем ден. Ќе има црковен ручек и собир за патронот на црквата Рождество на пресвета Богородица“, изјави Перо Митровски домаќин на црквата.

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките, и им помага на жените што немаат деца. Богородица е заштитничка и на градот Скопје а пред нејзината светост и големина- иконите во храмовите се молат сите верница за здравје, спасение и подобро утре.

Новинар – Анита Никушева Јованчев