РОКОВИ

Нови правила за ИПАРД 2

20.09.2019 11:09

Со измените на законот за платежната агенција, се продолжува рокот за исплата на средствата од ИПАРД 2 програмата.

Наместо за 3 земјоделците парите ќе ги добиваат за 6 месеци. Апликациите кои немаат  целосна  документација ќе бидат веднаш одбиени што е во согласност со барањата на Европската Унија.

Барањата за финансиска поддршка за мерките од ИПАРД 2 кои не ја содржат потребната документација во моментот на поднесувањето, платежната Агенција ќе ги одбие како неосновани,  наместо досегашната практика кога се известувше барателот во рок од осум дена да го дополни или појасни барањето.

Тоа  е во согласност и со барањата на Европската комисија.

Се продолжува и рокот за исплата на парите добиени од ИПАРД,  од три на шест месеци, по поднесување на барањето за исплата, со цел усогласување со новите правила за управување и финансиската помош на Унијата.

Додадени се два нови задолжителни елементи  во договорите и тоа намалување на финансиската поддршка поради непочитување на договорните обврски од помал обем и начин, и вториот во делот на постапката и условите  за раскинување на договорот.

Отстранети се и пречките за акредитација на новата мерка „Инвестиции во јавна рурална инфраструктура“ во рамки на ИПАРД Програмата.