ЕКОНОМИЈА

Патарини колку чинат и како се плаќаат?

20.09.2019 12:12

Системот за електронска наплата на патарина на Коридорот 10 вклучува 7 наплатни станици, лоцирани на еден од паневропските коридори – Коридорот 10.

Делот од овој  Коридор кој како автопат поминува низ  Македонија почнува на север од границата со  Србија и продолжува на југ до границата со  Грција.

Повеќе од три месеци како почна  електронската  наплата на патарините кај Романовце, Отовица, Сопот и Градско на Коридорот 10.  Планирано е до крајот на годинава да се пуштат во употреба уште  две наплатни станици, Демир Капија и Гевгелија.  Наплатата на патарина ќе се врши комбинирано преку отворен и затворен систем за наплата на патарина,  а постојат три видови  плаќање:

Со  готовински и со банкарски картици (дебитни и кредитни),  електронски со бесконтактни смарт картици и со уред за електронска наплата на патарина Купувајќи бесконтактни смарт картички или уред за електронска наплата на патарина (таг) сите правни и физички лица ќе може да ја плаќаат патарината,  Уредот за електронска наплата овозможува плаќање без застанување, додека со бесконтактните смарт картички можете  да плаќате  само со приближување на картичката до читачот.И за цените.. 100 денари е сумата која ќе ја платите за бесконтактните смарт-картички и таа ќе се надополнува со најмалку 300 денари, додека за таговите, што ќе се поставуваат на предното ветробранско стакло за да може електронскиот систем да ги чита од далечина, ќе чинат 1.200 денари со надополнување преку Интернет. Со секое наредно надополнување на бесконтактните смарт-картички и уредите за електронска наплата на патарина (ТАГ) корисниците добиваат попуст на надополнетиот износ  кој се пресметува при секое поминување на наплатната станица.Системот за автоматска класификација на возилата поставен на почетокот на лентата ја определува категоријата на возилото пред тоа да пристигне до кабината на сообраќајната лента.

Возилата мора да застанат пред читачот на картички заради плаќање. Автоматската рампа не се подига доколку не се изврши валидна трансакција, односно плаќање на патарината. Возачот ја доближува смарт-картичката до уредот за читање и рампата се подига ако картичката е важечка и ако на неа има доволно средства. Доколку плаќањето е неуспешно, рампата не се подига, а на дисплејот за корисници кој се наоѓа над читачот на картичките се прикажува известување за причината поради која обидот за плаќање е неуспешен). Во случај на неуспешно плаќање, возачот има две можности: Да купи важечка картичка или да ја надополни истата на продажното место поставено во кабина на лентата - да плати готовински  или со банкарски картички. Возилата со уред за електронска наплата на патарина (ТАГ) се детектираат автоматски при влегувањето во зона на комуникација покриена од антената. И  штом возилото се приближи до рампата, таа автоматски се подига, доколку плаќањето се реализирало успешно. Доколку плаќањето е неуспешно, рампата не се подига,и возачот ги има истите две можности како при неуспешно плаќање со смарт-картички. Електронските уреди (бесконтактни смарт-картички или уред за електронска наплата) може да се купат на секоја сообраќајна лента на наплатните станици и во контролниот центар Петровец,

Лидија Чакар