Во ,,Галерија Рудиќ” ќе изложува Филип Лафазановски
На 24 септември во ,, Галерија Рудиќ” ќе биде отворена самотојната изложба на фотографии на Филип Лафазановски.

На изложбата ќе бидат прикажани 30 фотографии од неговиот творечки опус. Лафазановски со фотографија се занимава 5 години. Неговиот фотографски интерес е насочен кон секојдневни ситуации и моменти на обичниот човек во урбана средина, впечатливо нагласувајќи го стилот на таконаречената улична фотографија. Во фотографиите најчесто е прикажан односот помеѓу човекот и архитектурата, создавајќи композиција на современиот градски живот. Некои од делата му се објавени во неколку меѓународни медиуми специјализирани за фотографија.:
Самостојни изложби имал во Печ и во Сегед . На изложбата ,,Фотомедија 2016 “го освоил бронзениот медал, на ,,” Денови на Македонска фотографија”во 2016 и 2017 година го освоил златниот медал во младинска конкуренција.
Како автор е вклучен во колекцијата на Фото Сојуз на Македонија: „Актуелен момент во македонската современа фотографија“, која е прикажана во Чачак, Скопје, Град Негова и во Ријека.
