Фудбал

„Црвените“ признаа дека не сакале да го продадат Суарез

03.03.2014 20:21

Сопственикот на Ливерпул Џон Анри призна дека ја одбил понудата на Арсенал за уругвајскиот напаѓач Луис Суарез, иако „Топџиите“ ја испочитувале откупната клаузула од договорот.

Анри призна дека Суарез во договорот имал член според кој можел да замине ако некој клуб понуди повеќе од 40 милиони фунти. А Арсенал минатото лето ја понуди таа сума плус една фунта.

Ете колку е уругвајскиот голгетер битен за Ливерпул и за челниците на клубот. Газдата на „Црвените“ Џон Анри го појасни тоа на необичен начин: „ Луис е најдобар офанзивец и стрелец во Премиер лигата, која е врв во светскиот клупски фудбал.

Навистина, тој имаше откупна клаузула во договорот од 40 милиони фунти, а кога  сумата плус една фунта ја понуди Арсенал, нашиот голем ривал, решивме да не им го продадеме. „

Договорите и онака не значат многу ниту во англискиот, ниту во светскиот фудбал. Не е важно колкав и каков договор има играчот. Ако тој сака да си замине, ќе го стори тоа. Ние го продадовме Торес за 50 милиони фунти, не затоа што сакавме, туку зашто бевме присилени на тоа.

И затоа што е јасно дека договорите не се почитуваат, се решивме да ја стопираме продажбата на Суарез. Се покажа дека направивме одличен потег. Ги имаме и Стариџ и Стерлинг, значи тројца фантастични и млади фудбалери кои може да бидат светла иднина на клубот, изјави Анри.