Квалитет на животот на постарите луѓе
Старењето е природен биолошки процес. Со доаѓањето на староста, животот треба да се прилагоди за тоа животно доба и да се направи што поквалитетен.

Болестите треба да се превенираат, контролираат и одложуваат со здрави животни навики. Зголемениот животен стандард, новите откритија и достигнувања на науката и медицината и квалитетните навики го продолжуваат животот. Меѓутоа, прераното стареење, па дури и смртаа ја предизвикуваат неправилните навики и лошата исхрана. Најчестите болести кои се јавуваат кај старите лица се промените на сетилните органите. Првенствено на видот, слухот, потоа срцевите заболувања, мускулно скелетниот систем, органите за варење и жлездите со внатрешно лачење. Тука се и проблемите со заболото. Значајна улога во спречување или намалување на ризикот за некои хронични заболувања во старосната доба има исхраната. При тоа се мисли на пореметување на рамнотежата во енергетското снабдување на организмот во однос на некои поединанечни извори енергетски извори во исхраната и недостатоци на есенцијални прехрамбени состојки како витамини и минерали. Постарите луѓе се особено чувствителни на пореметувања во исхраната. Со стареењето се намалува мускулната маса и базалниот метаболизам, па затоа се намалуваат и потребите за енергетска храна. Намалена е и телесната активност, па дури и повеќе отколку што може организмот да одработи. Освен тоа најчесто исхраната на постарите луѓе е ограничена и монотона. Причина за тоа може да бидат финансиски, недоволно познавање на прехрамбените состојки и комбинации и нивно влијание на организмот или пак немање можност за добро подготвување на храната. Најтешко им е на луѓето со намалена можност за движење, или пак се неподвижни. Треба да се земе предвид и намалената можност на организмот за искористување на витамини , минерали и други состојки во храната. Причина за тоа се пореметувањата во дигестивниот систем, метаболички пореметувања, дефекти на забалото, како и интеракција со лековите и евентуалното дејството на алкохол. Бидејќи храната е важна за имунолошкиот систем можно е намалување на севкупната отпорност на организмот. Затоа правилната исхрана е најдобра одбрана против телесно и душевно стареење. Таа треба да се состои природна, непреработена храна која ги содржи сите неопходни состојки. Постарите луѓе треба да земаат повеќе житарки, овошје, зеленчук, немасно млеко, и младо сирење, кисели млечни производи, риба и бели видови месо и само понекогаш јајца. Треба да користат маслиново масло, а да избегнуваат силни зачини и посолена храна. Треба да се избегнува пржена храна,а да се јаде претежно варена или динстана на вода или пареа. Како и за сите луѓе особено за постарите луѓе важи да се јаде во мир и добро да се изџвака храната. Препораливи се три главни оброци, како и два меѓу оброци. Појадокот е задолжителен и многу важен, а вечерата да биде најмалку 2-3 часа пред спиење. Потребно е дневно да се внесува доволно количество вода, ако е потребно, домашните постојано треба да ги потсетуваат за вода. Бидејќи центарот за жед кај старите луѓе е ослабен, може да дојде до дехидрираност на организмот. Важна е умерената телесна активност која поволно делува на сите органи и системи. Рекреацијата е одличен лек против против сите тегоби кои може да ги предизвика стареењето. Телесната активност кај постарите луѓе ја подобрува физичката и менталната кондиција и ги одложува дегенеративните процеси, дава многу задоволство и радост, го спречува заморот и носи свежина. На овој начин луѓето се врзуваат за одредена средина на која припаѓаат, а тоа чувство на општествена и социјална припадност се највредните чувства за постарите луѓе. Најдобро е да се биде активен по најмалку 30 минути дневно. Ако порано не бил активен, стариот човек треба да се навикнува постепено на одредени вежби и движења, а може да се консултира и лекар. Значи, за да си го продолжи животот, да му биде поквалитетен и полесен, стариот човек треба да одбере содржина која ќе ја одработи со задоволство.
Соња Стојановска
