Како да се справиме со негативните мисли
Негативните мисли кои го заробуваат умот, го парализираат човекот, ја намалуваат самодовербата и прават живото да биде товар наместо задоволство.

Затоа најдете начин да се справите со нив. Прифатете ја реалноста и донесете одлука да ја промените на начин најдобар за вас.
Негативните мисли,стравови, претпоставки се дел од животот на секој човек. Научниците претпоставуват дека во текот на 24 часа низ нашата глава поминуваат приближно 60 илјади мисли, па дури и повеќе, а над 90% од нив се негативни. Токму таа состојба на негативен грч создава промени во организмот, во хемискиот и ДНК составот, а тоа се одразува негативно на нашето здравје. Тогаш животот станува товар наместо задоволство. Стравот владее со нашиот ум и свест, го парализира човекот , неговиот креативен дух, ја урива самодовербата затоа што не гледаме излез и решение кое што нам ни одговара, туку правиме црни сценарија. Како да се ослободиме од негативните мисли. Постојат многу начини и техники и секој треба да се пронајде во нешто што би му помагнало. Се зависи од нивото на нашата свест, дали сме толку во проблемот што сме се поистоветиле со него и несвесно дозволуваме да не носи како река, или ќе застанеме да се наблљудуваме себе си и своите мисли и да видиме какви резултати сме постигнале во животот со таквиот животен стил. Промената не е едноставна, особено ако се има повисока цел за која е неопходно да се постават јасни чекори, да се исфрлат некорисните навики кои нѐ држат во истата состојба и не ни дозволуваат да растеме духовно и просперитетно. За да се излезе од затворениот круг прво треба да ги откриеме причините за непријатната состојба во која се наоѓаме. Причините за негативните мисли може да бидат: континуираниот стрес, недостатокот на време за себе си, динамичниот живот, општо незадоволство од сопствените остварувања, од партнерскиот однос, од работното место и уште многу други работи. Треба да се согледа , прифати таквата состојба и да решиме да преземеме контрола над својот живот, а одговорноста да не ја префрлуваме на други околности, затоа што секогаш изборот е наш. Треба да ги смириме умот и телото. Правилното дишење , медитацијата, осамувањето барем 15 минути дневно, или престој во природа, ќе ни помогнат да го почувствуваме само сегашниот момент без мисли за проблемот и негативни проекции. Од оваа состојба на мир може подобро да се согледаат работите и да се донесуваат подобри одлуки. Запишете го проблемот, прифатете го и погледнете го од сите страни. Ова многу ќе ви помогне јасно да ја согледате ситуацијата и да ги одредите чекорите за решение кое што вам ви одоговара.
Сега може да тргнете во акција. Ако се плашите од болест вашата акција ќе биде здрава храна и сите чекори за нејзино подготвување и начин на конзумирање. Ако имате рок за некој проект почнете веднаш без одложување и испланирајте го секој чекор и времето потребно за тоа. Отворениот разговор со луѓе на кои им верувате и ги цените може да ви помогне да дојдете до корисна информација или идеја. Може да побарате и стручна помош и доколку немате сила допуштете некој да ве води додека да запливате со поголема самодоверба.
Селектирајте ги работите на оние на кои што може да влијаете и на оние што не зависат од вас. Така ќе ви биде полесно да не се нервирате и да одите во насока на вашата ингеренција.
Важно е да покажете храброст, да се осмелите без разлика на стравот и без да го замислувате исходот. Така нема да бидете разочарани што и да се случи. Секој чекор ќе ве охрабрува за нов подвиг, ќе носи нова идеја, нова свежина. Ако постојано ви се вртат лоши мисли исполнете го денот со разни планирани активнисти, во кои задолжително ќе оставите време за вашето омилено хоби, или ритуали во кои уживате.
Како што вели народот -неангажирниот ум е ѓаволско игралиште. Затоа дајте му задачи. Физичката активност, цртањето, танцувањето и пеењето, се одличен вентил. Прошетајте, напијте се кафе со пријателите, гледајте добар филм, Направете си топла купка или подогтевете си го омиленото јадење. Сето ова може многу да ви помогне да се оттргнете од канџите на негативните мисли, без да бегате од проблемите туку мирно да ги решавате, а доколку не успеете, научете полесно да ја прифатите ситуацијата и да смислите нови решенија.
Соња Стојановска
