Руската Армија постави ултиматум за Крим

03.03.2014 21:09

Руската војска им постави улатиматум на украинските сили на Крим да се предадат до 5 часот наутро. Ова го потврди украинското министерство за одбрана...

Во меѓувреме на полустровот се поставени руски знамиња  на завземените згради на владите во Доњеск, Одеса, Харков, Меритопол, Симферопол.

„Ова е очигледна окупација, русите се однесуваат како газди на туѓа територија... Руските војници, дојдоа да не заштитат, откако во Украина брутално беше соборена власта...“ се дел од мислењата на граѓаните.

Во обидите да се изнајде дипломатско и мирно решение за украинската криза, Брисел сепак одлучи да ги стопира преговорите со Русија за визите и за новата спогодба, откако руските авиони влегоа во воздушниот простор на Украина.

И додека ОБСЕ ги разгледува можностите за испраќање на своја мисија во Укарина, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги повика западните партнери да ги остават политичките калкулации и да мислат за доброто на народот на Украина.

„Руските сили ги штитат граѓаните кои што живеат таму и ќе останат до нормализација на соојбата“, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

„Киев никогаш нема да се откаже од Крим“, децидно е новото украинско раководство.

Украина е мирна земја, но таа ќе го штити својот територијален интегритет од агресивна војна со сите можни средства во согласност со повелбата на Светската организација.

Шефот на шведската дипломатија се заложи за остар европски одговор кон Русија.

„Политичко решение не е можно без повлекување на руските трупи, отфлувајки го руското толкување дека интревенцијата била неопходна поради заштита на руските граѓани“, вели Карл Билт, министер за надворешни работи на Шведска. 

Официјална Москва смета дека оние земји кои што се закнуваат дека ќе воведат санкции, ќе бидат и најодговорни за поларизација на украинското општество. Од друга страна, поранешната украинска прмиерка, Јулија Тимошенко ги повика сонародниците на смиреност бидејки, според неа, руската  влада сака да предизвка паника и ескалција на состојбата во Крим.

 

Мирјана Василева