КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Европски денови на културно наследство

23.09.2019 12:48

Оваа манифестација го негува и засилува чувството на припадност и на одговорност за културнотонаследство, истакнувајќи го значењето на човековите права и демократијата

Оваа манифестација го негува и засилува чувството на припадност и на одговорност за културнотонаследство, истакнувајќи го значењето на човековите права и демократијата
„Уметност и забава“е Темата на годинешното издание на Европските денови на културното наследство. И во  Македонија , како и во повеќето европски држави,до 29 септември ќе се  организираат изложби, предавања, едукативни активности,проекции на филмови, промоции и други активности поврзани со сочувувањетона културното наследство и неговото доближување до пошироката јавност.  Изложбата „На маргините на Скопскиот регион – сакрални објекти и рурална архитектура“,е дел од манифестацијата, а  е поставена во Музејот на Македонија, кој е и координатор на активностите по повод европските денови.  Планирани се  повеќе активности посветени на лицата со попреченост, како придонес кон приближувањето на културните придобивки од минатото до сите луѓе подеднакво.Европските денови на култруното наследство, како заедничка иницијатива на Советот на Европа и Европската комисија уште од 1999 година, претставуваат најшироко одбележуван партиципативен културен настан што го споделуваат жителите и посетителите на Европа. Сеевропската природа на овој проект придонесува кон зближувањето на граѓаните и истакнувањето на европската димензија на културното наследство во 50-те држави – потписнички на Европската културна конвенција. Секоја година се организираат повеќе од 70000 настани, со цел да се подигне свеста за вредноста на ова заедничко наследство и за потребата од негово сочувување за денешните и идните генерации. Со прославување на некои од  најстарите  традиции,годинашното издание на Европски денови на културно наследство ќе го осветли богатото наследствона Европа поврзано со „Уметноста и забавата“. Во рамките на обемната и разнолична програма што веќе е воп тек или  ќе биде реализирана во земјите - учеснички во периодот од август до октомври, меѓудругото се  организирааат прослави, фестивали, изложби, занаетчиски работилници, конференции. Целта на Европските денови на културното наследтво е да се подигне свеста за културното наследство, материјално и нематеријално, коешто придонело да се обликуваат културите на човештвото. Наследството е поврзано сопредметите и местата, но и со значењата и уптребите коишто човекот им гиприпишува и вредностите што тие ги претставуваат. Оваа манифестација го негува и засилува чувството на припадност и на одговорност за културнотонаследство, истакнувајќи го значењето на човековите права и демократијата. „Европските денови на културното наследство, востановени од Советот на Европа во 1985 година, претставуваат конкретен пример на негување на европските вредностите на културата и наследството .