Ново катче за најмладите- „мини зоо“
По повод 93-от роденден на Скопската зоолошка градина, по пример на светските зоолошки градини-ново катче за најмладите посетители.

Мини зоолошка во која се е минијатурно, почнувајќи од животните, живеалиштата и посетителите за кои е наменета. Спокојно мало парче, исполнето со енергија која се пренесува на децата. Сите имаат безброј прашања и заедничка љубов кон животните.
...„ Ова е прекрасно катче покрај езеро, уживаат сите мали животни кои живеат тука.Децата кои досега не посетија, посакуваат еден ваков мал миленик и за дома. Наскоро ги очекуваме и фламингата за кои веќе се подготвува живеалиште, ќе се отвори и дино паркот а во скоро време доаѓаат и белите лавови од Франција кои ќе бидат вистинска атракција“, изјави Тина Мицковска ПР на зоолошката градина во Скопје
И во овој мал рај важат истите правила, забрането е внесување на храна за животните. Привилегија е тоа што малите посетители ќе добиваат храна и ќе имаат можност одблизу да ги нахранат животните. Посетата на мини зоолошката е во присуство на зоо-негувател, кој ги едуцира децата како да го држат и хранат омилениот миленик.
Мини зоолошката е отворена во сабота и недела од 10:30 до 17:30, влезот чини 20 денари.
Новинар: Анита Никушева - Јованчев
