КИНОТЕКА

Вечер посветена на Стефан Сидовски-Сидо

24.09.2019 09:36

На 25 септември (среда) со почеток во 20:00 ч. во Кинотеката ќе се одржи Вечер посветена на Стефан Сидовски – Сидо (1946 – 2019).

Ќе биде поставена плочка со неговото име на неговото омилено столче во киносалата, а на присутните ќе им се обратат и неколку негови пријатели.
Ќе бидат прикажани неколку филмови на Сидо, како и краткиот документарен филм на Тамара Котевска, насловен СИДО (нејзин испитен филм по предметот Филмска и ТВ Режија на ФДУ во траење од 20 мин.), како и неколку досега необјавени видео-материјали за професорот.