Денови на рускиот филм
Од 28 септември до 2 октомври Кинотеката е домаќин на Деновите на рускиот филм во соработка со „Ленфилм“ од Москва.

Гостин на Деновите на рускиот филм е филмскиот експерт Александар Позњаков, автор на документарниот филм ЗВУЦИТЕ ОД СТАРИТЕ ЅИДОВИ, со кој ќе биде затворена оваа манифестација во Кинотеката. Филм на отворањето е РАЗВОД ПО СОПСТВЕНА ЖЕЛБА на сценаристот и режисер Илија Северов.
Изборот на насловите од Деновите на руски филм се продуцирани во студиото „Ленфилм“ во периодот од шеесетите години на минатиот век, па сè до поновата продукција на филмот што ја отвора манифестацијата РАЗВОД ПО СОПСТВЕНА ЖЕЛБА.
Во петте вечери посветени на продукциите на „Ленфилм“ ќе имаме можност да видиме девет наслови на автори различни по нивната естетика, како и филмови од различни периоди на постоењето на ова филмско студио. Затоа на програмата на Деновите на рускиот филм со соработка со „Ленфилм“ ќе ги сретнете имињата на Борис Пастернак како сценарист, режисерите Григори Козинцев и Алексеј герман (меѓу останатите), актерот Инокентиј Смоктуновски и многу други значајни имиња од советската ера на руската кинематографија, но и новите имиња.
