Субвенции за пчелни матици
Пчеларите кои ќе инвестираат во набавка на пчелни матици во период од 1 јануари до 30 септември годинава, можат да аплицираат за субвенции.

Oгласот кој ќе трае до први октомври годинава. Финансиската поддршка изнесува до 600 илјади денари по корисник.
До први октомври пчеларите ќе можат електронски да аплицираат за финансирање на набавка на пчелни матици.
Висината на финансиската поддршка изнесува до најмногу 600 илјади денари за по корисник.
Сите кои набавиле матици во приодот од 1 - ви јануари до 30- ти септември 2019- та година, ќе можат да поднесуваат барања, а право на користење на средствата по оваа мерка имаат сите земјоделци кои се запишани во регистарот на земјоделски стопанства.
Субвенциите се од 50 до 75 проценти во зависност од возраста на земјоделецот и другите услови.
Еден барател може да поднесе едно барање или две за мерките кои се ко-финансираат од Програмата за рурален развој.
Аплицирањето е исклучиво по електронски пат, а пчеларите може да побараат помош во подрачните единици на министерството или советодавната агенција.
