ИРАН

Техеран ги отфрла новите обвинувања од ЕУ за нападите врз Саудиска Арабија

24.09.2019 13:52

Помпео ја поздрави поддршката од Франција, Германија и Британија

Техеран му порача на Брисел да не ги повторува апсурдните тврдења на САД за нападите во Саудиска Арабија. По Вашингтон и Ријад, сега и Германија, Британија и Франција го обвинувааат Иран за нападите врз нафтената инфраструткура на кралството. Претседателот Рохани ќе претстави мировна иницијатива во рамките на генералното собрание на ООН.

Техеран ги отфрла новите обвинувања од Франција, Германија и Обединетото Кралство за нападите врз нафтената инфраструктура на Саудиска Арабија. Во заедничка изјава, лидерите на овие три земји нагласуваат дека не постои друго логично објаснување за инцидентот кој го преполови нафтеното производство на Кралството. Како потписнички на нуклеарниот договор со Иран , потенцираат дека решението за избегнување на потенцијален конфликт на Блискиот Исток е дипломатијата. Британскиот премиер Борис Џонсон е убеден дека подобра верзија на Пактот од 2015 година може да направи американскиот претседател Доналд Трамп. Во Техеран нема расположение за преговори за нова спогодба бидејќи европските држави не ги исполниле обврските. Од иранското МНР му порачаа на Брисел да не ги повторува апсурдните тврдења на САД. „Мировната иницијатива за Ормутскиот теснец е создадена да ги вклучи сите земји во регионот и нејзината цел е да ја зголеми соработката и вон безбедноста“, порача претседателот Хасан Рохани којшто е во Њујорк на Генералното собрание на ОН.

Хасан Рохани - Претседател на Иран

Се надеваме дека во ваква чувствителна ситуација во регионот ќе успееме да им пратиме порака на нациите, порака на регионален мир и крај на секое мешање во чувствителните региони во Персискиот Залив и на Блискиот Исток. Тоа е порака на големата нација на Иран која е под притисок од сурова економска војна. Нашата нација е нација на отпор, истрајност, и сака сите страни да се вратат на своите обврски и на законот.

Јеменските Хути презедоа одговорност за нападот. Ријад и Вашингтон не отстапуваат дека вистинскиот виновник бил Техеран. Пентагон праќа воени трупи во Саудиска Арабија, а државниот секретар Мајк Помпео им се заблагодари на трите европски земји за поддршката.