КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Европски денови на културно наследство

24.09.2019 12:01

Археолошкиот музеј со едукативна работилница за деца со попреченост

Археолошкиот музеј на Македонија  во рамките на Европски денови на културно наследство во среда на 25.09.2019  ќе организира креативна работилница насловена “И јас можам” во едукативното катче “Млади археолози” за децата со аутизам, адхд и асперегов синдром членови  на  здружението “Во мојот свет”.

Археолошкиот музеј  ја промовираме инклузивноста со редовно организирање на едукативни работилници заради  поттикнување на креативноста и имагинацијата на лицата со попреченост.

Музејот има повеќегодишна соработка со посебното основно училиште “Иднина”, Скопје, Центар за целебрална парализа, Скопје, ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија, Скопје, Здружение на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и аспергеров синдром “Во мојот свет”, Државно училиште за деца и младинци со оштетен вд “Димитар Влахов”, Скопје. Соработката со  Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром “Вера”од Струмица, е потврдена низ поддршката на манифестациите “Убави сме, свои сме” и “Спортски игри на еднаквоста”.

Археолошката едукативна работилница има програми за сите деца од предучилишна и училишна возраст. Интерактивните содржини и можноста за креативно изразување преку моделирање со глина, цртање и пишување го привлекуваат вниманието на дечињата кои одбираат да ги прославуваат своите родендени токму во катчето “Млади археолози”.